Скопје 14. најевтин град за живеење во Европа

Македонскиот главен град Скопје е на 14. место меѓу 26 градови во Европа во кои може да се живее со помалку од 600 британски фунти месечно, според „Бизнис инсајдер“.



Магазинот пресметал дека трошоците за нормален живот во Скопје во текот на еден месец достигнуваат најмногу 600 евра.

Во пресметката се вклучени цената на храната, просечната плата, економската ситуација во државата, опциите за домување, комуналиите, станарините, даноците, трошоците за одмор, па дури и цената на кафето во кафуле.

Најевтин град за живеење на Балканот е Приштина, каде што може да се живее со 500 евра месечно. Косовскиот главен град е четврти на листата најевтини на стариот континент, на која на првото место е Днипро во Украина со 450 евра.

Од градовите во опкружувањето Сараево е на 26. место со нешто помалку од 700 евра, а Бања Лука е 18. со 620. Во Нови Сад може да се живее со 590 евра месечно, во Ниш со 540 итн.

Листа на градови со најниски трошоци за живот во Европа: 1. Днипро (Украина), 2. Лвов (Украина), 3. Харков (Украина), 4. Приштина (Косово), 5. Крајова (Романија), 6. Ниш (Србија), 7. Одеса (Украина), 8. Кишињев (Молдавија), 9. Киев (Украина), 10. Арад (Романија), 11. Орадеа (Романија), 12. Нови Сад (Србија), 13. Брашов (Романија), 14. Скопје (Македонија), 15. Сибиу (Романија), 16. Пловдив (Бугарија), 17. Минск (Белорусија), 18. Бања Лука (Босна и Херцеговина), 19. Тирана (Албанија), 20. Јаши (Романија), 21. Нижни Новгород (Русија), 22. Темишвар (Романија), 23. Варна (Бугарија), 24. Новосибирск (Русија), 25. Казан (Русија) и 26. Сараево (БиХ).