Во тешка сообраќајка која се случила синоќа во Чешка, загинале двајца скопјани објави Фактор.мк.
Станува збор за М.Б (30) и Д.Б (27) години, кои биле на пат да се вратат дома.
Сообраќајката се случила на автопатот Прага-Усти во Лаба во Чешка.
Чешките медиуми велат дека автомобилот излетал од патот и удрил во мост.





