Претежно сончево и значително потопло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието се очекува денеска во земјава.
Температурата ќе достигне до 31 степен.
Во Скопје ќе биде сончево и потопло. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 34 степени.
Стабилно и значително потопло ќе биде и утре.
Минималната температура ќе се движи од 12 до 20 степени, додека максимална температура од 28 до 35 степени.
За викендот се очекува „заладување“ со пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер и во останатите делови од земјата.






