Скопјани ќе го казнат СДСМ на локалните избори, уверен е Милчин

Режисерот Владимир Милчин е убеден дека граѓаните на Скопје ќе го казнат СДСМ на претстојните локални избори наесен.



„Ова што се случува со Скопје, што сè се прави во Скопје, како се уништува градот практично, како се распродава земјиштето, во овој град ќе биде невозможно да се живее. Според тоа, јас мислам дека скопјани ќе го казнат СДСМ“, објасни некогашниот член на Централниот одбор на сега владејачката партија во „Само интервју“ на Канал 5.

Милчин е песимист за резултатите на СДСМ на локалните избори и воопшто во државата.

„Локалните избори ќе покажат многу. Јас мислам дека СДСМ тешко ќе ги добие. Мислам дека толку проблеми, толку пропусти има, што тешко ќе добијат“, додаде поранешниот извршен дитректор на Фондацијата „Институт Отворено општество – Македонија“.