Скопјанец се заканил дека ќе го убие Стевче Јакимовски

Поведена постапка за 60 годишен скопјанец кој у се заканувал на градоначалникот на општина Карпош Стевче Јакимовски дека ќе биде убиен.



„На 4 октомври, осомничениот со моторцикл дошол пред куќата на градоначалникот на Општина Карпош и неговото семејство, па без причина најпрвин започнал на висок тон да го навредува, а потоа и вербално да се заканува дека ќе го убие и ќе му го уништи животот. Со заканите продолжил и кон сосед кој случајно поминувал таму“, велат од Јавното обвинителство.

Истиот ден, во вечерните часови, осомничениот телефонски му се јавил на градоначалникот и продолжил да му се заканува. Откако оштетениот го прекинал телефонскиот разговор, продолжил да му испраќа заканувачки пораки на вибер-апликација.

Скопјанецот кој се заканувал по животот на градоначалникот ќе се гони за сторено кривично дело  – Загрозување на сигурноста.

Јавниот обвинител на судот му предложи да определи мерка на претпазливост – забрана за осомничениот да се приближува, да воспоставува или одржува контакти со оштетените лица на кои им ја загрозил сигурноста. 4news