Кривичниот суд го казни со условна осуда од една година затвор на скопјанецот кој преку Фејсбук му се закануваше на тогаш премиерот Зоран Заењв.
„…Основниот кривичен суд Скопје донесе првостепена пресуда со која обвинетиот Д.Д. е огласен за виновен за продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Пресудата е донесена по признание на вина од страна на обвинетиот 45-годишен скопјанец“..
На 23.07.2019 година до 24.07.2019 година, обвинетиот во повеќе наврати, со коментари на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од 5 години или потешка казна против оштетениот, тогаш вршител на функцијата премиер на Македонија. Со објавените фотографии и коментари тој директно повикувал на физичка ликвидација на оштетениот.
„Плусинфо“





