Русија го прекина сообраќајот на трговските бродови во Азовското Море до кое Украина има излез.



Сепак, нејзините пристаништа во Црното Море се уште се отворени за пловидба, соопштија денеска руските власти.

Русија и Украина учествуваат заедно со 29 отсто во светскиот извоз на пченица, со 19 отсто во светките испораки на пченка, како и со 80 отсто во светскиот извоз на сончогледово масло.

Пет неименувани извори од компаании кои произведуаат жито потврдија за Ројтерс дека трговски бродови стојат во Азовското Море.

Русија, најголемиот светски извозник на пченица, главно го транспортира своето жито од пристаништата во Црното Море.

Цената на пченицата на берзата во Чикаго порасна за 5,6 отсто, на највисоко ниво од средината на 2012 година, се додава во информацијата, без да се прецизира конкретна цена.

Русија лани произведе 76 милиони тони пченица, а американското Министерство за земјоделство проценува дека во сезоната јули-јуни ќе понуди 35 милиони тони, што е 17 отсто од вкупниот глобален извоз.

Ројтерс потсетува дека украинскиот амбасадор во Анкара денеска изјавил дека Киев побарал од Турција да ги затвори Босфорот и Дарданелите за руските бродови и дека Анкара се уште не одговорила на тоа барање.