Вечерва во хотелот „Холидеј ин“ независниот пратеник Скендер Реџепи, поранешен член на Алтернатива, ќе го соопшти името на партијата која најави дека ќе ја основа.
Според соопштението до медиумите и упатената покана, велерва ќе се одржел „народен конгрес“ на кој ќе биле откриени името на најновата партија во етно-албанскиот блок во државава, а ќе се избрале и централно собрание и претседател на политичкиот субјект, јави Независен.
Во најавата се наведуваат идеолошките одредници на партијата: зачувување на традиционалните семејни вредности и на афирмација на современите економски, социјални, образовни и културни вредности.
По напуштањето на Алтернатива тој делуваше како независен пратеник, а кон крајот на август соопшти дека ќе формира партија.







