ОН побараа од донаторите да ги зголемат донациите за хуманитарна помош за 25 отсто во споредба со минатата година.



Организацијата смета дека во 2023 година ќе ѝ бидат потребни 51,3 милијарди долари, што е рекордна сума, пишува Би-Би-Си.

Од таму соопштија соопштија дека хуманитарните потреби се „шокантно високи“, наведувајќи ја војната во Украина, масовното гладување во Рогот на Африка (засилено од истата војна во Украина) и поплавите во Пакистан.

На овие катастрофи се додаваат и кризите во Авганистан, Јемен и Сирија, кои продолжуваат и во 2022 година.

Истовремено, зголемените цени на храната и горивата ја намалија куповната моќ на хуманитарните организации, а некои традиционално дарежливи земји донатори, вклучително и Обединетото Кралство, го намалија својот придонес.