Пред состанокот на лидерите на Западен Балкан во Тирана, група граѓани протестираат против договорот инициран од српскиот претседател, Александар Вучиќ.
Според српски медиуми, организатор е Движењето Самоопределување, на кои се приклучија и други противници на оваа иницијатива кои се противат и на доаѓањето на Вучиќ во главниот град на Албанија.
Балканвеб објави дека протестот се одвива во парк веднаш до Претседателството, на кој, наводно, се собрале голем број активисти кои гласно извикувале дека „Косово е срцето на Албанија“.
„Демонстрантите исто така извикуваат дека „Малиот Шенген е Голема Србија“ и го обвинуваат албанскиот премиер Еди Рама дека работи против интересите на Косово, во корист на „Голема Србија“м, пренесува Б92.




