Скандалозно: Владата забранила коментари на својот Yutube канал (ВИДЕО)

Иако се претставува како најтранспарентна во регионот македонската влада ги блокирала коментарите од граѓаните на својот официјален профил на видео сервисот Youtube (Јутјуб) каде ги објавува своите активности со видео снимки.



За разлика од сите други политички структури, институции, организации во регионот и пошироко кои дозволуваат коментари од своите граѓани, владата на СДСМ и ДУИ и нивните портпароли и тимови за пропаганда одлучиле Македонците и другите граѓани да не можат да кажат што мислат за тоа што го објавува владата.

Дали владата ги блокира коментарите на своите граѓани поради критиките што ги добива или се работи за друга причина владиниот тим за пропаганда не открил досега.

https://youtube.com/user/VladaMakedonija