Скандалозно унапредување на двајца суспендирани началници на АНБ за случајот Онишченко (ИНФОГРАФИКА)

Двајца од десетмината високи функционери на Агенцијата за национална безбедност кои беа дел од системот кој дозволи рускиот шпион Александар Онишченко да добие македонски пасош добиле повисоки функции во агенцијата.



Двајцата началници кои предходно биле суспендирани затоа што не спречиле скандал за АНБ и за Македонија во случајот Онишченко сега се унапредени на повисоки позиции, тврдат извори во АНБ кои се шокирани од развојот на настаните.

Сега унапредените началници биле суспендирани од екс директорот Виктор Димовски а се унапредени пред неколку дена од новиот директор Зарко Милошевски.

Изворите во АНБ велат дека причините за унапредувањето на дел од луѓето кои не спречиле македонски пасош за човек на Владимир Путин му се познати само на најблискиот круг на Милошевски.

Според изворите не е логично ниту професионално за пенетрација на руско влијание во Македонија да настрада екс директорот Димовски кој заради тоа не замина за амбасадор во Париз а за шеф на агенцијата да биде ставен Милошески кој има клучна улога во проценката која доведе до најголемиот срам во македонските безбедносни служби и до најголема пенетрација на руско влијание во историјата на Македонија.

Кој сега може да гарантира дека и Милошевски и двајцата унапредени не се дел од руските инсталации во Македонија кога тие не минале детектор за лаги ниту за нив се направени тест за интегритет и финансиски анализи.

Посебен проблем за АНБ и целиот безбедносен систем е што новиот шеф на АНБ Зарко Милошески важи за близок на генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ за кои Фокус откри дека е адвокат на наводна Хрватска инвестиција за фабрика за вода во селото Гари за која се води истрага која води до руски тајкун близок на Владимир Путин.

Јавна тајна е дека Милошевски дојде на чело на АНБ со помош на Зечевиќ кој според Фокус е дел од руската приказна во Гари, велат изворите од АНБ кои се чудат зошто Ковачевски и Заев не го спречуват скандалот кој не запира.

Унапредувањето на Милошевски за шеф на АНБ и на двајцата инволвирани во случајот со рускиот шпион Онишченко може да е сигнал дека руското влијание во владата на СДСМ и ДУИ е толку метастазирано што веќе е доцна да се елиминира со традиционално политичко безбедносни мерки, смета еден од изворите во службите за безбедност.

Посебно прашање е зошто Агенцијата за разузнавање на претседателот Пендаровски не ги информира своите странски пријателски служби да извршат влијание на владата во Скопје да расчисти со руските инсталации, вели добро информиран извор кој го следи процесот во АНБ и владата.