Скандалозно: Рашковски вршел кривично дело и додека бил во притвор

Екс генералниот секретар на владата Драги Рашковски додека бил во притвор злоупотребувал пари опфатени со истрагите против него.



Ова се покажува по објавување на делови од обвинението против него.

Рашковски доби притвор на почетокот на Април а обвинителите велат дека тој до Мај пуштал пари во оптек за свои потреби.

“Според обвинението, Рашковски од јуни 2017 до мај годинава пуштил во оптек пари, околу 87 илјади евра, за кои знаел дека се од кривично дело и тие пари ги распределувал на сопствените сметки и банкарски картички, како и на сметките на своето семејство, а исто така предвреме си ги исплатил и претходно земените кредити”, објави РСЕ.

Според обвинението што го пренесоа медиумите во случајот има оштетување на буџетот за над 300 илјади евра.