Службеници на граничниот премин „Блаце“ ослободиле лице кое се бара со потерница, а кое од страна на Косовските власти било предадено на Македонските колеги, дознава „Инфомакс“.
Според информациите на „Инфомакс“, откако Косовската полиција на македонските колеги го предала лицето Б.Б. член на групата „Беланоца“, надлежниот полициски службеник на ГП „Блаце“ го ослободил лицето иако за него има распишана централна потерница од МВР.
Неофицијално порталот јавува дека граничниот полицаец телефонски разговарал со началникот на потраги – Интерпол кој наводно ја дал наредбата лицето да биде ослободено, иако за оваа информација во моментов нема потврда, по што лицето било ослободено.
Повеќе детали на овој ЛИНК






