Гостинка во вчерашното издание на ,,Заспиј ако можеш”, беше претседателката на Државната комисија за борба против корупцијата, Билјана Ивановска.
Таа во емисијата откри дека за повеќе од три години откако ДКСК има нов состав Јавното обвинителство не процесирало ниту една кривична пријава поднесена од ова независно тело.
Според Ивановска досега се поднесени дваесетина кривични пријави до обвинителството кое од непознати причини не процесирало во обвиненија ниту една.
Во исто време Владата не ги прифаќала и не ги спроведувала одлуките на Антикорупциска комисија.
Во еден случај не спровела барање за санкционирање на екс министерот Венко Филипче кој го прекршил законот за. Рене на партиски митинг во Штип каде патувал со службено возило а во вториот владата не го казнила екс вицепремиерот Кочо Анѓушев за кого било утврдено конфликт на интереси.
Ивановска вели дека тие немаат моќ да сторат нешто повеќе.
Видеото од емисијата на овој линк
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2266650400154187&id=280284355399866






