Композиторката и професор по музика Дарија Андовска откри дека за 3 години територијата на Македонија се намалила за точно 279 километри.
Таа го цитира извештајот на Европската Унија за Македонија во кој навистина површината на земјава во 2020 е значително помала од површината во 2017.
“И тоа не е сè, дами и господа.
Бројчето, што сите го знаеме наизуст од осмолетка- 25.713км2, веќе не е тоа.
Итс меџик. Сега е 25.434 или речиси за 300км2 помала Македонија.
Say what again?! Се смалува со перење. Мозоци.”, пишува професорката во врска со намалената територија на Македонија.
Каде и како земјата загубила дел од својата територија што може да биде појас широк 10 а долг 29 километри (за полесно да се разбере за колкава територија се работи) засега нема никакво објаснување од владата.
Според уставот никој не може да се откаже од територија на земјата ниту територијалниот суверенитет и интегритет на земјата.
Линк:
https://ec.europa.eu/neighbourhood-enlargement/sites/near/files/north_macedonia_report_2020.pdf






