Скандалозни антимакедонски навреди од страна на навивачи на бугарски фудбалски клуб кон играчите на скопската екипа Македонија Ѓорче Петров познати како ,,лавови”.
Ако првата македонско-бугарска пресметка пред една недела во Скопје помеѓу Македонија ЃП и ЦСКА мина без никакви провокации, денешното гостување на „лавовите“ во Софија донесе тешка провокација од приврзаниците на „армејците“ кон фудбалерите од Ѓорче Петров, пренесува Спорт1.
Денеска на „Бугарска Армија“, приврзаниците на ЦСКА ги дочекале фудбалерите на Македонија ЃП со скандирања – Бугари, Бугари.
Според информациите на „Д-Спорт“, фудбалерите на Македонија ЃП воопшто не изреагирале на големите провокации од страна на приврзаниците на противникот, пренесува порталот.






