Скандалозна снимка на лекар во тетовската болница кој прикажува пациентки на гинекологија (ВИДЕО)

Скандалозно однесување на лекар од болницата во Тетово кој неетички објавил снимка на која се гледаат пациенти и вработени.



На социјалните мрежи се појави видео снимено наводно од лице вработено како анестезиолог на Гинекологија во тетовската болница, како во живо на социјалната мрежа Тик-Ток ги снима пациентките и вработените во една од салите за гинекологија во болницата во Тетово, објави ТВ21.

Телевизијата утврдила дека се работи за вистинска снимка и добила потврда дека видеото е снимено во тетовската гинекологија, а лицето што го направило видеото е ангажирано на одделението каде се вршат абортуси.

Во продолжение видеото кое го објавува ТВ21: