Скандалозна одлука на македонски судија во корист на тимот на контроверзниот Нефи од ДУИ

Скандалозна одлука на еден од водечките македонски фудбалски судии во корист на тимот на контроверзниот Усеини од ДУИ.



На видеото на ФФМ јасно се гледа дека нема никаков контакт меѓу напаѓачот на Воска, тимот на контроверзниот Нефи Усеини и одбранбениот играч на Македонија Ѓорче Петров но тоа не било пречка Ставрев да досуди пенал.

Судијата е на само неколку метри од шеснаесетникот на МЃП и гледа дека нема никаков контакт но сепак пресуди пенал за екипата на функционерот на ДУИ која годинава најави борба за шампионската титула во македонската лига.

Со голот од непостоечки пенал Воска доби три важни бода во трката за титула.

Нефи Усеини кој е главен на ДУИ во Охрид беше предмет на неколку истраги и судски процеси а од советот на општина Охрид во времето на СДСМ доби 45 илјади евра за неговиот клуб Воска.

Срамот на Ставрев кој направи огромна грешка или бил соодветно мотивиран да направи огромна ,,грешка” во видеото