Скандалот во МНАВ станува популарен и во регионот

Скандалот во МНАВ станува популарен и во регионот откако за него покрај некои медиуми за резилот почнаа да пишуваат и влијателни луѓе од авијацијата.



Еден од нив е Пеѓа Вучетиќ со профил @Pedjijatar кој објавува вести за регионалната авијација на Балканот.

,,Невиден скандал се случи во јавното претпријатие М-НАВ, кое е задолжено за контрола на летање над Македонија. Откако синдикатот на контролорите на летање предупреди за лошите услови за работа и партизанско регрутирање, група од осум мажи ги претепаа дежурните контролори на летање кои во тој момент набљудуваа 28 авиони на небото! Групата напаѓачи ја предводел Беким Незири, вработен во М-НАВ, поранешен македонски министер за економија и претседател на локалниот огранок на партијата ДУИ, член на владејачката коалиција”, пишува Вучетиќ чудејќи се на скандалот.