Скандалот во М-НАВ е последица на погубната политика на власта која вработува кого сака и каде сака, вели Мисајловски

Оваа Влада прави само скандали, едноставно барааат свои партиски луѓе и не им е воопшто важно дали исполнуваат критериуми и ги назначуваат во тоа што решиле. Тоа е последниот случај во МНР со испраќање на конзул во Њујорк на човек кој работел мислам во приватен сектор, а за да се добие звање има процедура. Замислете како им е на тие кои со години работат во МНР. Ист е случајот и со М-НАВ вработуваат само свои без никаков критериум и гледаме што се случи, рече Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во вчерашната емисија „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.