Скандалот наречен: Половина милион евра за “ЈП Нишај врата, земај плата”

‼️ Јавно претпријатие Градски Енергетски Системи ака „Клати врата зимај плата“ основано од страна на Петре Шилегов и оваа година ќе ја заврши со загуба од 13.5 милиони денари, открива советникот во град Скопје од опозицијата Александар Трајановски.



Советникот на ГРОМ открива дека секоја година половина милион евра одат на Јавно претпријатие кое нема ингеренции да ја врши својата дејност.

Сите детали кои ги открил Трајановски за скандалот што трае со години во продолжение:

✖ Ова јавно претпријатие откако беше основано, на 1 октомври 2019та години не успеа да се здобие со лиценца за дистрибуција на топлинска енергија откако РКЕ ја прекина постапката.

❓Од тогаш па навака навистина не знам зашто постои ова ЈП освен за клатење врата и земање плата.

🤯 Замислете, претпријатие кое е основано за дистрибуција на топлинска енергија не може да добие лиценца за основна дејност за кое е основано. Но тоа не го спречува Градоначалникот Петре Шилегов годишно да вбризгува околу пола милион евра за да си кубурат партијашите и да си прават тендерчиња со фирми кои се појавуваат во системот за Јавни Набавки од 2018та па навака.

💶 Во ЈП Градски енергетски системи според годишниот извештај се вработени 10 лица, а за плати годишно се трошат 10 милиони денари. Тоа значи дека месечно се трошат 850.000 денари, што значи дека во просек тоа е 85.000 ден по вработен.

🤡 Дополнително ова претпријатие си има конституирано и свој Управен и Надзорен Одбор чии членови добиваат месечен паушал за нивниот „придонес“ во развојот и просперитетот на партијата, уствари мислев на претпријатието.
Зашто се помешав со партијата? 🤔

👀 Затоа што директорката на ова претпијатие освен партиски настани и настапи за друго веројатно и не знае, а и членовите на управниот и надзорниот одбор и вработените не се поинакви, тоа лесно може да се провери и увиди на социјалните мрежи.

👏 И така оваа багра наштекана во и околу ЈП Градски Енергетски Системи редовно си зима плата за нивното не работење и нефункционалност.

⚠️ Кој им дава легитимитет? Петре Шилегов и мнозинството на СДСМ во Советот на Град Скопје.

➡️ Да беше Шилегов вистински домаќин оваа уникатна неуспешна приказна која удри со глава во ѕид требаше да биде завршена. Односно јавното претрпијатие требаше да биде ставено во мирување уште на почетокот на 2020 година, барем додека нема придвижување во судскиот процес.

Наместо тоа, Петре Шилегов не кани на годишно собрание на ова хендикепирано јавно претпријатие за да му ја аминуваат загубата, платите за вработените и неговото несфатливото постоење.

Ах, да напоменам! и покрај тоа што се симнати сите рестрикции и ковид мерки за претпазлисот, заразените од корона се бројат на една рака, Шилегов и понатаму не дозволува седници со физичко присуство.