Во интервју за Сител премиерот Заев јавно призна дека за да набави вакцини лично контактирал со шефови на тајни служби меѓу кои ја потенцира британската тајна служба МИ6.
Зошто Заев би комуницирал со шефови на странски тајни служби кога тие не се занимаваат со набавка на вакцини и лекови е нејасно.
Контактите со странски тајни служби најчесто се надлежност на Агенцијата за разузнавање која е под ингеренции на претседателот или под Агенцијата за национална безбедност која делува самостојно.
Шеф на британската разузнавачка служба, поинаку позната како МИ6 од есеноска е Ричард Мур кој беше политички директор во Форин Офис и поранешен амбасадор во Турција.
Споменувањето на МИ6 и шефот на оваа моќна разузнавачка служба е крајно недипломатска изјава на премиерот Заев која може да предизвика меѓународен скандал.
Со својата изјава Заев наведува дека моќната МИ6 не можела да обезбеди вакцини што воопшто не е нејзина работа.
Предходното споменување на Заев на друга, израелска тајна служба заврши со демант на скандалот од Тел Авив.
Му верувате ли ?
–
Првите 40 секунди се бесценети pic.twitter.com/eaCMwBwIoO— Демир (@Trollowsky) March 9, 2021
Целото интервју на Сител






