Скандал во Владата, каде е поглаварот на ИВЗ?

Премиерот Заев вчера го славел “Светскиот ден на културната разноличност за дијалог и развој”.



Според Заев денот е “потсетник дека не треба да зборуваме за културни разлики што нѐ делат едни со други, туку дека треба да зборуваме за културна разноличност која ни дарува сила од глобални размери”.

Настанот бил организиран во Клубот на пратениците од страна на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, по повод одбележување на Светскиот ден на културната разноличност за дијалог и развој, којшто е прогласен на 21 мај од Обединетите нации и УНЕСКО.

И покрај ваквите зборови на Заев сепак вчера најверојатно се случиле разлики и дошло до поделби во Владата.

На фотографиите од настанот се гледаат претставници на МПЦ – ОА на чело со архиепископот Стефан и од Католичката црква но го нема поглаварот на ИВЗ.

Дали владината прес служба намерно не објавува слика од реисот на ИВЗ Реџепи или пак тој воопшто не се појавил на настанот владината служба за информирање не објавува.

Ако Реисот Реџепи не се појавил на настанот заедно со преставниците на другите верски заедници или не пратил поздравно писмо (се испраќа кога некој не е во можност да дојде) тоа е скандал кој испраќа порака на поделби на верска основа токму на денот на кој се слави културната соработка.

Ако пак Реџепи сепак бил во Владата а неговата фотографија не е објавена тогаш станува збор за уште поголем скандал и поделби.

Да биде скандалот поголем инциденто се случува во “Неделата на заедничка молитва” меѓу различните верски заедници.