Скандал во Собранието: Понижени пратеници ја чекаат Царовска да се врати од ТВ шоу

Вечерва во законодавниот дом се случува скандал откако членовите на Собраниската комисија за образование биле принудени да ја чекаат министерката за образование Мила Царовска да се врати од телевизиска емисија на кое ги промовира своите предлози за решение на хаосот во училиштата.



Членовите на комисијата за образование биле информирани дека Царовска има неодложни обврски поради што работата на Комисијата била прекината околу 1830 часот и презакажана за во 20 часот поради што пратениците морале да шетаат во и околу Собранието во очекување Царовска да заврши со ТВ емисијата.

Поради подолгата емисија Царовска доцнела на закажаниот термин затоа што наместо пред пратениците таа на истата тема зборувала на телевизија.

Комисијата за образование била закажана за утринава во 10 чаот кога сите пратеници се појавиле во Собранието по што вечерва дошло до прекин поради ТВ шоуто на Царовска а по нејзиното враќање комисијата ќе продолжи да работи можеби и до полноќ.

Вакво понижување на пратениците од еден носител на извршната власт досега не е забележано во Собранието.

Со комисијата за образование претседава кадар на СДСМ.