Скандал во основно училиште во Сурдулица. Според сознанијата на воспитно-образовните работници, меѓу учениците кружи снимка од орален секс од ученик од шесто одделение, пишуваат српските медиуми. Во српските медиумите утрово се појавија тврдења дека меѓу учениците во ОУ „Вук Караџиќ“ во Сурдулица кружи експлицитна снимка од сексуален однос меѓу ученици на возраст до 14 години, која се случила во просториите на училиштето, а Вишото јавно обвинителство во Врање за порталот Нова.рс потврди дека за овој случај бил информиран обвинителот.
Случајот е пријавен во полиција и во координација со Вишото јавно обвинителство се преземаат дејствија за откривање на деталите.

„Дежурниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Врање од старата полициска станица Сурдулица бил известен за постоењето на предметната снимка на социјалните мрежи. Наредено е да се добијат сите потребни информации, а бидејќи е утврдено дека се работи за деца – лица на возраст до 14 години, заради заштита на нивните интереси, не можеме да дадеме подетални информации“, соопштија од Вишото јавно обвинителство Врање.
Како што пренесуваат медиумите, во Сурдулица владее молк, а родителите на децата се шокирани од информациите кои кружат за ова место. Според непотврдени информации, снимката била направена во една од училниците. Во училиштето се преземени сите мерки, информирани се родителите и полицијата.
Од Вишото јавно обвинителство велат дека сè уште официјално не се информирани за настанот.





