Во текот на вчерашниот ден околу пладне припадници на МВР извршиле претрес во две простории на територија на град Скопје при што е пронајдена поголема количина на дрога.
Според извори во МВР едната од просториите е сопственост на висок полициски функционер.
Во акцијата на МВР е уапсено едно лице но тоа не е високиот полициски функционер кој е сопственик на една од просториите каде е пронајдена дрогата.
Во потрагата на МВР е користено и специјално полициско куче трагач.
Сопственикот на едната просторија каде е најдена дрогата е еден од главните луѓе во делот од МВР каде се води борба против организиран криминал, велат изворите во МВР.
Засега МВР не го открива името на својот висок функционер на чиј имот е пронајдена дрогата.





