Скандал во безбедносниот систем: Луѓе од АНБ наместо заштита на државата рекетирале бизнисмени

Сомнеж за организирана мрежа за рекет составена од истражители на АНБ кои биле отстапени на обвинителството уценувала познати скопски бизнисмени, открива Нетпрес.



Луѓе од АНБ креирале фиктивни кривични пријави и со истите биле уценувани познати сопственици на компании. Еден од нив настапил со обележани пари при што во моментот дознаваме дека е приведено лицето Михаил Младеновски кој настапувал пред уценуваните жртви. Истиот е уапсен во ресторанот Оливе во Карпош со 5 илјади евра поткуп, објавува порталот.

Воедно во таквата мрежа бил вклучен и истражителот Вилијам Шекл кој се сомничи дека е еден од организаторите на групата.

Истражителите на обвинителството според порталот ја користеле својата позиција и линковите со АНБ за да бидат уценувани жртвите.

Во моментот Вилма Рускоска бара запленување на компјутерите на вклучените лица од АНБ, на што Виктор Димовски се спротивставувал.
Во повидок е нов скандал во кој се вклучени лица од разузнавањето и власта на СДСМ, се вели во информацијата на Нетпрес.

Предходно со сомнителна службена белешка од АНБ беше притворен бизнисменот Орце Камчев кој се уште е во притвор во Шутка.