Скандал: Премиерот злоупотребил приватни фирми за да се скрие од незгодни прашања

Со цел да се скрие од незгодни прашања
владата спречила новинари да влезат на изјава на Ковачевски.



Се уплашија ли од прашањата, прашува Радио Лидер објавувајќи дека претпладнево владата ги спречила новинарските екипи на Радио Лидер и на новинската агенција Курир да присуствуваат на настанот на премиерот Ковачевски во фабриката „Пекабеско”.

Иако двете редакции одамна се акредитирани од страна на Владата, а двајцата новинари Љупчо Златев и Предраг Кукиќ се членови на ЗНМ и уште неколку меѓународни новинарски организации, од обезбедувањето на капијата на фабриката „Пекабеско” им била побарана некаква акредитација за настанот.

,,Ние им ги покажавме нашите новинарски легитимации и ги информиравме лицата од обезбедувањето дека сме добиле покана од владата да присуствуваме на настанот, по што ни беше кажано да почекаме.

По неколку минути, од обезбедувањето ни рекоа дека не можеме да влеземе на настанот, прашавме каде да се акредитираме но обезбедувачот од агенцијата „Роте”, си замина без да ни дозволи да влеземе внатре”, објави Радио Лидер откривајќи што се случило.

Новинарите имале намера на премиерот Ковачевски да му постават прашања поврзани со новата Тиранска платформа и можното разрешување на Оливер Спасовски, за кое неколку дена владата одбива да одговори.

,,Овој обид на владата во корелација со фабриката Пекабеско и агенцијата Роте да ги спречи новинарските слободи претставува невиден репресивем чин за едно демократско општество и ги претставува авторитарните тенденции на нашата влада на секаков начин да ги замолчи неистомислениците, кои повеќе години се на удар.

Радио Лидер е концесионер на Агенцијата за Медиуми и портал до долгогодишно работење и член на асоцијацијата на професионални медиуми.

Редакциите ќе испратат и барања се реакција од новинарските здруженија во земјава”, се вели во информацијата што ја објавува Радио Лидер.