Скандал: Тешка политичка злоупотреба на деца од премиерот и функционери на власта

Тешка политичка злоупотреба на деца од премиерот и министри се случи денеска за време на посетата на претседателот на владата Димитар Ковачевски, министерката за труд и социјала Јованка Тренчевска на детска градинка.



За дружење и сликање на министри со деца од најмала возраст е потребна дозвола од родителите но скандалот останува дури и таа дозвола да била дадена од неодговорни родители кои би дозволиле нивните чеда да бидат снимани во друштво на потенцијално корумпирани лица.

Скандалозните фотографии на кои на децата не им се покриени лицата се случила во објектот Парк на детската градинка 13 Ноември во Скопје каде Ковачевски и Тренчовска преку дружба со дечиња се пофалија дека вршеле реновирање на градинки.

Злоупотреба на деца за политички цели е забрането со сите релевантни меѓународни организации на правата на децата и од Обединетите Нации.

Едно од можните сценарија во овој скандал е некој од политичарите на сликите како на пример премиерот Ковачевски наскоро да биде уапсен за криминал и корупција а фотографијата како тој си игра со дечињата да остане вечна траума на децата кои денеска не се ни свесни со кого и за што се сликаат.

Скандалот да биде уште поголем фотографиите со децата не се објавени на сајтот на владата туку на социјалните мрежи на СДСМ.

На ваквата за молерисани градинки присуствувале и пратениците Дарко Јаневски и Моника Зајкова која е лидер на ЛДП и потпретседателот на Собранието Горан Мисовски.

Најчитани вести

Можно ли е лидерот на ДУИ да е сиромашен

Синот вози Порше, сватот Ролс Ројс, зетот и внукот вртат десетици милиони евра, ќерката живее во 233 м2 а Ахмети формално е еден од најсиромашните политичари