Скандал: Судија суспендира мислење на Антикорупциска за конфликт на интереси

Судијаа во случајот Топлик Осман Шабани денеска донесол одлука да го занемари официјалното мислење на Државната комисија за спречување на корупција за постоење на конфликт на интереси кај владин директор кој се појавува како вештак во судење.



Иако ДКСК е прецизна дека директорот на државниот катастар не смее да биде вештак во судски процес затоа што има конфликт на интереси судијата Шабани донесол одлука мислењето на комисијата да го прогласи за неважно а самата комисија за ненадлежна.

Според законот сите мислења на ДКСК во однос на забележана корупција или конфликт на интереси треба да бидат почитувани од сите институции вклучително и судиите но судијата Шабани сепак решил да го суспендира мислењето на антикорупционерите.

Според искусни правници доколку Шабани го прифати мислењето на ДКСК пропаѓа правната суштина на случајот Топлик и тој ќе мора да заврши во корист на обвинетите.

Што заклучи ДКСК во своето мислење

Антикорупциска го урна случајот “Топлик”: Вештак директор го кршел законот