Нема крај на скандалите на ДУИ и СДСМ во Фондот за Иновации и Технолошки Развој.
Висар Рамадани, син на аналитичарот Исмет Рамадани кој е советник за евроатлански прашања на премиерот Ковачевски, е висок функционер на Фондот кој во исто време доделува голема финансиска поддршка за приватна фирма на негов бизнис партнер од институцијата каде работи.
Синот на советникот на Ковачевски има позиција шеф на сектор за проекти во ФИТР и истовремено е сопственик и управител на компанија која е во заедничко сопствеништво со негов бизнис партнер кој добил 40 илјади евра грант од ФИТР.
Таткото на Висар, Исмет Рамадани, е еден од најголемите медиумски бранители на владата на СДСМ и ДУИ.
По инцидентот кога Исмет Рамадани беше избркан од Канал 5 поради обвинувања за антиалбанство на телевизијата синот Висар го нападна Иван Мирчевски повикувајќи се на чесност и етика.
Во моментите додека ја напаѓал Канал 5 тој како раководител во ФИТР одобрувал проект за фирма на свој бизнис партнер што е досега ретко виден случај на корупција во Македонија и пошироко.
Доказите за корупцијата на советникот на Ковачевски ги објавува профилот Демир на мрежата Х кој досега откри десетици големи афери на владата од кои ниту една не беше демантирана.
Оригиналниот текст е променет врз основа на демантот на Рамадани јуниор кој допрва треба да одговори на повеќе други прашања за конфликт на интереси при доделување на пари од ФИТР на негов бизнис партнер.
Синот на Исмет Рамадани демантира дека сам на себе си дал пари од Фондот за иновации
🎄Нема крај на лоповлукот на ДУИ во ФИТР
_
Висар Рамадани:
▪️син на аналитичарот Исмет Рамадани
▪️шеф на сектор за проекти – ФИТР
▪️25.10.2023, сопственик и управител на https://t.co/i6OH7BHZar
▪️23.12.2023, САМИОТ НА СЕБЕ ВО ФИТР СИ ОДОБРИЛ милионски ПРОЕКТ "ZERO ONE ERP" pic.twitter.com/u9YQGYgvB6— Демир (@Trollowsky) December 25, 2023






