За време на посетата на Словачка македонскиот претседател Стево Пендаровски ги прекршил македонските закони со ставање потпис на придавка која е крајно навредлива за Македонците.
Пендаровски во книга на впечатоци при посетата на Братислава напишал поздравна порака над објаснувањето на домаќините дека тој е претседател на северномакедонската република.
“Искрена и длабока почит за пријателскиот Словачки народ” напишал Пендаровски а под него таа порака стои навредливото објаснување кое нему не му пречело.
Скандалот го открива партијата “Твоја” на нивниот Твитер профил.
Од Твоја бараат објаснување за скандалот од претседателот.
ТВОЈА партија бара појаснување од претседателот Стево Пендаровски како дозволил во Словачка да се потпише на вакво нешто. pic.twitter.com/p0ZmJ6HKBi
— Твоја (@tvojapartija) October 12, 2020





