Менаџментот на Клиниката за токсикологија на скопскиот клинички центар е учесник во огромен скандал во кој била набавена машина која е за до дваесетина пати повисока од цената на други машини кои можат да се најдат на пазарот.
Директор односно вршител на должност директор на на оваа клиника е Др. Генц Селмани, кој порано бил општ лекар од Кичево а е назначен од министерот за здравство Меџити.
Предмет на спорната набавка е машина за чистење на ендоскопи која е купена за дваесетина пати повисока од цената за која може да се набави ваква машина на пазарите на медицинска опрема.

Според тендерот кој е објавен на страната за Јавни набавки за машината за чистење ендоскопи се платени фантастични 70 илјади евра со платено ДДВ.

Набавната цена на овој вид машини во светот најчесто е меѓу 2000 и 5000 долари иако има и кинески производители кои овие машини за чистење на ендоскопи ги продаваат и за помалку од 1000 евра.

За набавката на оваа машина Клиниката за токсикологија платила фантастични 58.000 €.
Лицето кое е контакт за спорната јавна набавка на клиниката за Токсикологија на телефонот 023147-1?? вели дека мора лично да се дојде на клиниката за да се добијат информации од директорот Генц Селмани.
Од друга страна луѓе во управата на Токсикологија велат дирекеторот Селмани веќе не е директор и не знаат кому да му се упатат барањата за информации кои се од јавен карактер.






