„Скандал – мајсторот“ Рама кажа дека македонскиот е „чуден јазик, кој треба да се слуша во регионот“ на пресот со Ковачевски!

„Чуден јазик!“ – кажа албанскиот премиер Еди Рама за македонскиот јазик денес на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Ова го јави ТВ 21.



ТВ 21 пишува: Премиерот Еди Рама повторно имаше проблем со преводот при посетата на Скопје. Овој пат не поради квалитетот на преводот, како што беше случајот во претходните посети, туку поради немањето слушалки.

Една новинарка од медиум на македонски јазик се обиде на Рама да му постави прашање на македонски јазик, но тој се оддалечи бидејќи немаше слушалки блиску до него. По ова Рама го праша на англиски премиерот Ковачевски како се вели на македонски „Се извинувам“ и потоа ги кажа овие зборови на македонски.

Рама рече: „Сите го говорат јазикот, што го разбираат, но никој не го зборува нашиот албански јазик во регионот и треба да се слуша овој чуден јазик!“