На предавањето на портретот на јапонскиот поет лауреат на годинешните Струшки вечери на поезијата Шунтаро Такинава не била присутна министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска ниту еден претставник на владата објавува екс пратеникот на НСДП екс шеф на владиното тело за информации и долгогодишен новинар од Охрид Веле Митановски.
Митановски во текст со наслов ,,Промената на чаршафите, не го прават борделот функционален!?”, пишува за скандалозниот бојкот од власта на врвната поетска меѓународна манифестација , Струшките вечери на поезијата.
Во обид да направи паралела со скандалот Митановски за Либертас пишува: ,,Ништо нема да постигнете, ако, во борделот, ги промените само чаршафите, а не и персоналот!
“Публиката!” и натаму нема ви доага – само поради чистите чаршафи!”.
Митановски го коментира претпоследниот ден од фестивалот Охридско лето кога според децениската традиција се промовира добитникот на СВП и културните збиднувања на светско ниво од Охрид се селат во Струга.
На овој настан за кој пишува Митановски досега секогаш имало високи претставници на власта. Сега немало ни официјален претставник.
,,Поединци, загрижени стружани, предлагаат да се промени терминот за одржување на светскиот поетски фестивал – “Струшките вечери на поезијата”, да биде порано, со надеж, дека, како некогаш, ќе се туркаме до подобра позиција, од двете страни на Дримот, за да ги видиме и слушнеме поетите, на завршната манифестација “Мостови”.
Не, терминот си е добар. “Струшките вечери на поезијата” ги граделе великаните на македонското поетско и литературно создавање. Како непосредни раководители, оперативни извршители, како министри за култура…
Направете споредба: помегу некогаш и сега и се ќе ви биде јасно.
Великаните на македонската поетска мисла и музичко создавање,точно пресметале кога треба да започне фестивалот “Охридско лето”, а кога, во континуитет, да продолжи културното живеење, во соседна Струга, со припомош на Охрид, за претпоследната вечер, со чинот на предавањето на поетскиот портрет на славодобитникот, лауреат – носителот на “Златниот венец”.
Така беше и годинава, но споредба со некогаш, е невозможна. Не е виновен терминот за тоа што годинава, на предавањето на портретот на јапонскиот поет Шунтаро Такинава, во првиот ред, немаше ниту едно официјално лице.
Некогаш тоа беше незамисливо без министерот за култура, премиерот, понекогаш – шефот на државата.
Се сеќавам, кога, во 1990 година, штотуку осамостоени како независна и суверена држава, славодобитник беше великиот шпански поет (македонски зет и потврден пријател на Македонија) Хусто Хорхе Падрон. Во првиот ред Киро Глигоров и Никола Кљусев.
Кога највисоката научна и културна манифестација во земјата, ја бојкотирате, поради ставовите на првиот човек и со него јавно се конфоронтирате од највисоки државни позиции, тука нема аир и радост за нацијата!
Некогаш, тука доагале првите државни глави на земји, чии поети го понеле “Златниот венец”. Од Бугарија за Левчев, од Србија за Десанка Максимовиќ. Со “кнедла во грлото!” (подолу ќе видите зошто – кнедла!?), тука беше и Слободан Милошевиќ !
Зошто е тоа така? Затоа што е незамислива и споредбата на персоналитетот на некогашните и сегашните министри. Партиите, ситуацијата ја доведоа до лакрдија”, пишува Митановски во напис кој во цела верзија може да го прочитате на овој ЛИНК.






