Скај њуз: Мигранти се чуваат во импровизиран затвор во Бугарија, тепани и малтретирани

Скајњуз објави репортажа во која е прикажан импровизиран затвор со решетки. Повеќе баратели на азил проговореа за времето минато во затворот и за тортурата што ја трпеле од бугарските погранични сили пред да бидат вратени во Турција.



Мигрантите изјавија дека иако просторијата можела да собере едвај 20-ина луѓе, тие биле сместени дури шеесетина.