Специјалното јавно обвинителство во 6 часот утрово започнало претрес во сите фирми на еден од најбогатите Македонци Орце Камчев, потврдија неофицијално од СЈО за порталот сдк.мк.
Истражителите според порталот ги чешлаат седиштето на „Орка холдинг“ и други фирми надвор од Скопје, врз основа на судска наредба.
Од СЈО не откриваат за што се сомничи Камчев кој е сопственик на петнаесетина фирми и кој според магазинот Форбс беше прогласен за најбогат Македонец во 2015 година.
Целата информација на сдк.мк





