Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска во Кривичниот суд ги изнесе завршните зборови за случајот Тревник, во кој се обвинети новинарот Драган Павловиќ Латас и неговите браќа во Зелениково за бесправна градба и побара судот да ги прогласи за виновни за бесправно градење и да им ги одземе викендиците.
„Очигледно е дека обвинетите започнале со градба на куќите многу порано пред да ги имаат одобренијата за градење и работите за градба на истите изведувачот ги имал завршено во најголем дел уште во декември 2012 година“, наведоа од СЈО во завршните зборови.
Извор: „Плусинфо“.





