Сјајот и бедата на македонското јавно здравство (ФОТО)

Критиките што секојдневно ги упатуваат граѓаните до здравствените власти и министерот Филипче се однесуваат на различни сегменти на примарната, секундарната и терцијарната заштита.



Критиките се однесуваат и на проблеми стари со децении.

Но она на што граѓаните најмногу забележуваат е делот во кој во низа скандали во кои се инволвирани министерството за здравство и Фондот за здравство се зборува за милиони евра а местата каде што граѓаните се лечат и кои можат да се реновираат со неколку илјади евра се целосно заборавени.

Најдобар пример за катастрофалната состојба во која се лечат граѓаните е амбулантата во скопската населба Бутел 1, каде што во дотраена барака секојдневно стотина пациенти бараат лекарска грижа за своите здравствени проблеми.

Во какви услови работат лекарите со своите пациенти најдобро ќе ви објаснат овие фотографии кои до expres.mk ги достави редовен читател.

За високите владини функционери ова се досега невидени фотографии затоа што тие се лечат во скапи приватни клиники но за граѓаните ова е реалното здравство во државата која според премиерот “Блеска”.