Ескалира ситуацијата во Кочани по инцидентот во саботата кога две групи граѓани се судрија откако едно момче беше фатено на кражба.
Откако дел од граѓаните во одсуство на полициски активности ја презеле правдата во свои раце деновиве таткото на момчето кое било фатено на кражба по која дојде до судир и престрелка меѓу двете групи граѓани, се заканува со одмазда.
Во видеото кое е објавено на социјалните мрежи таткото на момчето мафта со пиштол и вели дека ќе се одмазди за насилството врз неговото дете.
Дури и ако има дозвола за поседување на оружје МВР мора веднаш да преземе соодветни активности за превенција на масакр кој го најавува таткото.





