Сител: Болницата што изгоре немала технички прием!?

Модуларната болница во Тетово е пуштена во употреба без технички прием. Сите модуларни болници низ земјава се изградени врз однос на посебен закон според кој обврска за технички преглед на готовиот објект нема. За готовите објекти било вршено само примопредавање, дознава Сител. 



На прашање на Сител кој вршел технички прием на модуларните болници, од МЗ најпрво рекле дека одговорот на ова прашање се содржи во документацијата која е доставена до Обвинителството и дека тие не сакаат да ја попречуваат истрагата.

Подоцна, во соопштение, МЗ информираше дека откако изведувачот ги поставувал модуларните контејнери се вршело само примопревадање на истите, јави „Сител“.