Од 81 општина во земјава, 65 општини во октомври постигнале заштеда од најмалку 15 отсто, од кои 12 општини постигнале заштеда поголема од 50%.



Шеснаесет општини не успеале да заштедат повеќе од 15%, а овие општини само три имале поголема потрошувачка споредено со октомври 2021 година.

Во Арачиново има неверојатно зголемување на потрошувачката од 474%, во Студеничани 11% и во Лозово – 12 отсто повеќе потрошена струја.

Овие податоци за заштедите на државните институции, односно административните згради кои имаат задолженија да штедат од 1 септември 2022 до 15 април 2023 година, ги објави министерот за економија, Крешник Бектеши, објави А1Оn