Сите предлози на ВМРО-ДПМНЕ за техничката влада

ТВ Алфа ги објави предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за министри во техничката влада.



За нов технички министер за труд и социјална политика предложена е д-р Рашела Мизрахи, доктоорант на Универзитетот „Бар Илан“ во Израел, каде се стекна со титула доктор на науки по биохемија.

За нов заменик министер за финансии ќе биде предложена Гордана Димитриеска Кочоска, која е Магистер по економски науки на Универзитетот Св Кирил и Методиј, моментално вработена во приватна компанија како финансиски консултант во областа на контролинг и финансии,а претходно работела во Стопанска Банка, во Македонски Телеком во секторот на даноци, во Министерство за финансии во Секторот за јавен долг и, одреден период, директор за финансии во ЕЛЕМ…

За нов заменик министер за земјоделие ќе биде предложен Цветан Трипуновски, дипломиран земјоделски инжињер, пост дипломец на Земјоделскиот Институт во Скопје, поранешен вработен во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство како државен советник, а во периодот 2015-2017беше директор на Државниот земјоделски инспекторат. Од 2008та година до 2012та година беше и пратеник во Собранието на РМ, а моментално е и член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

За нов заменик министер за информатичко општество и администрација ќе биде актуелната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Невенка Стаменковска Стојковски. Таа е магистер по Европско право и право на Европска Унија со минат труд во Скретаријатот за европски прашања и во Агенцијата за странски инвестиции каде што била координатор на економските промотори, и работела на привлекување странски инвестиции.

ПОВЕЌЕ: ТВ Алфа