Освен Алијансата за Албанците, сите други опозициски албански парламентарни партии изразија амбиција да бидат дел од мнозинството со што „албанската опозиција може да остане само со двајца пратеници во опозиција“ констатира „Алсат М..
Овој феномен е резултат на стравот дека ако останат во опозиција ќе ги загубат гласачите, смета аналитичарот Алберт Муслиу според кој не е добро владината коалиција да има многу партии бидејќи тоа ќе биде вовед во нови несогласувања во извршната власт.
Премиерот Зоран Заев најави дека проширувањето на коалицијата ќе биде објавено по првомајските празници, но не откри со која партија ги усогласиле ставовите. Неофицијално се дознава дека СДСМ е заинтересиран за петте пратеници на БЕСА, додека ДУИ се залага за партнерство со ДПА на Мендух Тачи, јавува „Алсат М..
На коалицијата меѓу СДСМ – ДУИ досега ù се придружија уште 6 пратеници од други опозициски партии.





