Минимална пензија од 18 илјади денари, повисоки пензии за 3.500 денари за сите, но и повисоки надоместоци. Од здруженијата информираа дека на 20-ти септември кога се одбележува Денот на пензионерите, се подготвуваат за масовен протест во Скопје, на кој очекуваат поддршка и од сите националности.

Министерката за труд и социјала, веќе изјави дека во нардните неколку дена очекува да ги добие податоците од Државниот завод за статистика и официјално ќе се знае дали покачувањето на пензиите ќе биде за 6% или повеќе зависи што ќе покаже статистиката. Потенцира дека треба да се мисли и на стабилноста на Фондот.

Од Иницијативниот одбор за зголемување на пензиите на битолските пензионери, со став дека нема да се откажат од барањата затоа што како што велат со месечните примања едвај го туркаат месецот. Најавија дека по вчерашниот протест на плоштадот Магнолија, денеска продолжуваат со марш со почеток во 19часот.

Според поранешната директорка на ПИОМ, има простор за да се направат калкулации за зголемување на пензиите и законски решенија кои нема да го оптоварат буџетот. Во првата половина од годината, според статистиката на ПИОМ во државава има 337.054 корисници на пензија, а просечната пензија изнесува 19.106 денари.





