Вечерва во 21.00 часот на порталот ПЛУСИНФО.МК новинарот Бранко Героски ќе објави кои се петте луѓе блиски на Заев кои ја менаџирање аферата Рекет и кој ко собирал кајмакот.
“Ако пропеат Боки, Фросина и Катица – а првите двајца веќе најавуваат дека нема да молчат – ќе дознаеме за поврзаноста со „Рекет“ на најблиска соработничка на Заев од врвот на СДСМ, на многу важен советник на Заев од една странска земја, на познат интелектуалец и на познат новинар кои ги воспоставуваат линковите меѓу Боки и Катица, а најстрашно од сѐ, на многу близок човек на Зоран Заев, кој ги менаџира и контролира сите поголеми бизнис зделки во земјава.
Она што го знаеме за „Рекет“ е само врвот од ледениот брег”, пишува Героски во најавата за новите детали за аферата која ја урива владата на Заев и СДСМ.




