Сите кои имале реклама на 1ТВ биле рекетирани, вели Камчев

Во сведочењето денеска за случајот „Рекет“, бизнисменот Орце Камчев спомна неколку бизнисмени кои за жал како што рече не се охрабриле да признаат дека биле рекетирани.



„Сум слушнал за тие луѓе. Паметни новинари сте, видете кој се се рекламирал на 1ТВ по 200 илјади евра, ќе ви стане јасно. Сите што во 1ТВ платиле реклама сите до еден биле на некој начин гонети од Јовановски и Јанева“, рече Камчев пред новинарите по денешното сведочење во Кривичен суд.

Денеска, додека Бојан Јовановски го испрашуваше Камчев, на забелешката на бизнисменот дека на сите им е јасно дека не е реално да плати 200.000 евра за рекламирање на телевизија, која има рејтинг од 1%, Јовановски рече дека тој како менаџер можел да бара колку сака.

„Можам за реклами да барам колку сакам, како што вие наплаќате за операции колку што сакате, а тие се неуспешни“, рече Јовановски.