Сите кандидати за бугарски претседател на претстојните избори кои ќе се одржат на 14 ноември, како и лидерите на бугарските политичките партии, треба да го искажат својот став за отворените прашања со Македонија.
Ова е наведено во декларација на Бугарската национална платформа и Фондацијата Македонија усвоена по состанокот на 5 октомври 2021 година со претседателот Румен Радев за членството во РСМ во ЕУ, пренесуваат бугарски медиуми.
Во декларацијата, меѓу другото се бара:
Македонските Бугари да бидат еднакви со другите делови од населението на Република Северна Македонија (РСМ) со тоа што ќе бидат вклучени во нејзиниот устав.
Да се почитуваат нивните човекови права, вклучително и нивното право слободно да се изјаснат за нивната етничка припадност за време на пописот.
Овие отворени прашања за прв пат биле претставени на највисоко ниво и пред претставниците на политичките лидери на голем број земји од ЕУ за време на состанокот за европска интеграција на Западен Балкан во Бардо, се вели во документот.
Меѓу отворените прашања за Бугарите во РС Македонија е зачувувањето на нивното културно и историско наследство и утврдување на фактите од минатото такви какви што се, а не нивното погрешно толкување низ призмата на манипулативна „мултиперспективност“, пренесува Њуз.бг.







