Зголемени се доспеаните а неплатени обврски на јавните претпријатија на локално ниво, на јавните здравствени институции, на општните, во образованието. Намалување има кај Јавните претпријатија и фирми во државна сопственост, пишува “Порталб”.
Новите податоци од Министерството за финансии покажуваат дека во првиот квартал од годинава, во кој се прелеа ланската енергетска и гасна криза “зачинета” со засилена инфлација, доспеаните а неплатени обврски на институциите под “државна капа” изнесуваат 391,2 милион евра, пишува Порталб“.
На новата “должничка листа” се 1.231 државна институција ….
Само за три месеци значајно се зголемени доспеаните а неплатени обврски на буџетските корисници од прва и од втора линија – министерства, агенции, училишта, раст на долговите има и кај општините и на јавните здравствени инстититуции.
Новата “должничка листа” има 1 231 државни субјекти но доспеани а неплатени обврски пријавиле 902 институции – 300 повеќе во однос на “должничката листа” на крајот од 2021 та година.
Новите податоци од Министерството за финансии покажуваат дека доспеаните а неплатени обврски на општините се во пораст – достигнаа ниво 71,7 милион евра што е за 3 милиони евра во однос на состојбата на крајот од 2021 та.
Општина Тетово 13,5 милион евра, Општина Охрид 8,5 милион евра, Општина Гостивар 6,4 милион евра, Општина Струга 3,6 милион евра, Општина Делчево 3,1 милион евра.. Бизнис вести







